По коригирана грешка во белоруското гласање, Тамара прва од жирито и седма во финалето на Евровизија
Нашата претставничка на годинашнава „Евровизија“, Тамара Тодевска е сепак на првата позиција според гласовите на жирито и седмопласирана на евровизиското финале.
Според обајвениот извештај на веб-страницата на Евровизија,направен е превид во броењето на гласовите на жирито од Белорусија.
– ЕБУ може да потврди дека по стандардната контрола на резултатите, утврдивме дека како резултат на човечка грешка направен е превид при собирањето на поените. Ова нема никакво влијание на пресметката на поените добиени од „телевоутингот“ на 41 земји-учеснички и на севкупниот победник, како и во редоследот на првите четири песни од натпреварот, стои на веб-страницата на ЕБУ.
Веста ја сподели и Тамара Тодевска на нејзиниот фејсбук профил.
– Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите!, пишува Тамара.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација