Живот
12. February 2021 - 11:50

По компликации од коронавирусот почина познатиот музичар Ице Атанасовски

Познат македонски музичар почина по компликации од коронавирусот, а вестта за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи. „Познатиот музичар-саксафонист, нашиот драг и ценет пријател Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со коронавирусот“, објавија на социјалните мрежи неговите роднини и колеги.

Музичарот претходно го прележал Ковид-19, но по некое време му се појавиле компликации со здравјето, како резултат на вирусот. Неговите колеги и пријателите со неверување се простуваат од Атанасовски на социјалните мрежи.

Ице Атанасовски е роден 18 ноември 1978 година во Битола и до пред некоја година беше член и на групата „Модус“.

 

Тажен ден,почина познатиот саксофонист Ице Атанасовски, Наш драг и ценет пријател. Нека почива во мир....

Posted by Makedonsko Kulturno Drustvo Sv. Kiril I Metodij Trentino on Петок, 12 февруари 2021