Свет
26. April 2020 - 10:23

По изјавата на Трамп за вбризгување дезинфекциски средства зголемен бројот на труења во САД

Директорката на американскиот Завод за јавно здравство во државата Илиноис Нгоки Езике вели дека дошло до значителен пораст на случаи на труење во последните два дена.

Тоа од друга страна, се поклопува со совето на претседателот на САД ДОналд трамп, за вбризгување дезинфекциски средства за да се спречи корона вирусот.

Таа вели дека труење пријавиле луѓе кои со детергенти се обидувале да си исперат синусите додека едно лице правело гаргара со мешавина од избелувач и вода за уста за да ги убие вирусите.

„Вбризгување, јадење и шмркање средства за дезинфекција е опасно. Не советуваме да се прави тоа, може да биде смртоносно“, вели д-р Езике, пишува Си-ен-ен.

Само за потсетување, претседателот на САД Доналд Трамп повторно ја зачуди здравствената заедница со последните коментари за лекот за корона вирус. Неговите коментари стручњаците ги нарекоа неодговорни и опасни. Имено, Трамп пред два дена на дневната конференција за корона вирус сугерираше дека со вбризгување средства за чистење како изопропилен алкохол во телото може да се убие корона вирусот, а предложи и зрачење на телото на болните со УВ зраци, а лекарот на истата прес-конференција забрани, пренесе Индекс.