Џет-Сет
21. September 2016 - 14:52

По итна постапка се разведоа и восочните Бред и Анџелина

Музејот на восочни фигури во Лондон „Мадам Тисо“ соопшти денеска дека ги раздвоил восочните фигури на американските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, откако холивудската двојка објави дека се разведува.

-Реагиравме брзо на вчерашните вести за разделувањето на Анџелина Џоли од Бред Пит и нивниот план да се разведат па ние тоа и го направивме во музејот, рече портпаролката на Мадам Тисо.

Восочните фигури на Џоли и Пит се поставени во 2013 година, а сега се на пристојна оддалеченост еден од друг.

На Џоли сега и прави друштво Никол Кидман, додека Пит е покрај својот колега со кој глумеше во повеќе наврати, Морган Фримен.

Na pristojnoj udaljenosti: Anđelina i Bred

Џоли поднесе барање за развод на бракот во понеделникот во Вишиот суд во Лос Анџелес наведувајќи ги како причина непомирливите разлики, покажуваат судските документи.