Македонија
18. April 2019 - 15:47

По испиеното кафе со Река, Силјановска денеска во посета на штабот на Пендаровски

Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на еден од штабовите на нејзиниот против Кандидат Стево Пендаровски.
 
-По вчерашното кафе со Река, денес решив да го посетам и штабот на Стево. Ѓорѓи Галетановски – Чомбе не ме пречека, ама со присутните заклучивме дека сите очекуваме фер изборен процес и избори без нерегуларности, стои во нејзиниот пост на Твитер.
 
Таа инаку  претходно вчера со другиот против кандидат испи и кафе.