Македонија
27. November 2024 - 11:54

По информациите дека доживеал срцев удар, Таравари соопшти дека колабрирал и завршил во болница

Откако вчера се споделуваа информации дека Министерот за здравство, Арбен Таравари, доживеал срцев удар, тој на социјалните мрежи објави дека колабирал и завршил во болница.

Таравари напиша дека му се случил ненадеен колапс и итно бил пренесен во болница.

„Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се’ уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството, ќе ги чекаме одговорите на лекарите“, рече Таравари.