Свет
11. July 2019 - 22:05

По Грција невреме ја погоди и Италија: Бурата корнеше дрвја, падна град со големина на портокал, 18 лица повредени

Италијанскиот обрег во средата го погоди силно невреме, кое корнело дрва од корен, а најмалку 18 луѓе се повредени, но нема жртви.

Во Пескара, во која се повредени 18 лица, паѓал град со големина на портокал, додека 200 борови паднале во близина на Равена, која исто така е погодена од поплави, како и други делови на италијанските региони Ромања, Марка и Абруцо.

Според неименувани извори на АНСА, една трудница се здобила со повреди на лицето и главата, додека останатите се здобиле со модрици и други повреди.

Градот кој паѓач, нанел големи штети врз автомобилите, кршејќи ги ветробранските стакла и прозорците, а оштети и покрив на зграда во крајбрежното одморалиште во Абруцо.

Во градот Абруцо улиците се претворени во реки, додава АНСА повикувајќи се на неименувани локални извори.

По бурата и градот, непроодни беа и улиците во Пескара, рече градоначалникот додавајќи дека се активирал општинскиот оперативен центар поради вонредната ситуација.