Балкан
14. July 2016 - 10:56

По ѕверското убиство на Ангелина: Згасна животот на таткото на монструмот

 
Таткото на монструмот од Србија кој ја силуваше и брутално ја уби тригодишната Ангелина, ќе оди да го посети својот син кој ја зави цели Србија, но и регионот во темнина. Небојша сеуште го нема видено неговиот син Владица по монструозниот чин, а сега одлучил дека ќе оди во посета во затворот за да дознае како можел неговиот исн да го направи ѕверското дело.
 
- Ќе одам во затворот, ми треба време да се смирам. Не знам точно кога, оваа недела, другата. Ова беше шок за мене, ми треба време. Мора да дознаам зошто го направил тоа, да чујам од него. Тоа не го прават нормални луѓе, вели таткото кој е засрамен, понижен и завиен во тага.
 
Небојша не се ни сомневал дека неговиот син ја убил Драгана, а потоа и Ангелина. Тој вели дека ништо не укажувало на такво монструозно дело.
 
Таткото отиде и во куќата на бабата да изрази сочуство. 
 
- Како ја убил Ангелина, невино мало дете кое на мравка нема згазнато. Како ја убил Драгана, што се случило, вели таткото збунето и додава дека црната вистина за жал е реалност.
 
Тој вели дека неговиот син буквално го убил и него со делата кои ги направил. Вели дека и неговиот живот е завршен по овој срам и болка.