Loading Video...
Ракомет
11. August 2021 - 18:50

По двете победи кадетките поразени од Шпанија на ЕХФ шампионатот во Клеипеда

Женска  репрезентација на Македонија за ракометарки до 17 години настапува на ЕХФ шампионато во Клеипеда, Литванија. 
 
По убедливите победи над Косово со 18 и над домашната селекција на Литванија со 17 голови разлика, денеска нашите кадетки е поразени од Шпанија. 
 
Во меч од птетпоследната рунда црвено-жолтите загубија од Шпанија со 27-22. 
 
Најефикасна во нашите редови беше Теодора Дукоска со 8, додека Ива Младеновска и Емилија Ризоска постигн по 5 голови. 
 
Шпанија со оваа победа и освоените 8 бодови го потврди првото место во А_групата, додека Македонија и Финска кои се на второто и третото место со по 4 освоени бодови во меѓусебниот дуел закажан за утре од 16 часот ќе решаваат која селекција ќе и се приклучи на шпанската во полуфиналето.