Џет-Сет
2. December 2015 - 17:56

По две недели брак започнаа кавгите: Северина и Игор го откажале медениот месец

Популарната пејачка Северина и нејзиниот избраник Игор Којиќ минатиот викенд пред 612 гости го кажаа судбоносното ДА. Иако се во брак две недели, кавгите со свекорот и свекрвата по се изгледа почнаа во семејството Којиќ, па Северина си има главоболки ирешила да го откаже и свадбеното патување.

Откако во јавноста се појавија изјавите на сестрата на Северина, која не дојде на свадбата и изјави дека се срами што нејзината сестра која е поинаку воспитана, потклекнала на медиумскиот циркус и се омажила за Србин и покрај долгоготишното угнетување на Хрватите, Кеба се налутил и се скарал со својот син за оваа изјава. По ова Игор направил драстичен потег и од социјалните мрежи ги избришал членовите на неговото семејство, што дополнително додава масло на оганот. 

Дали ќе се средат односите или Севе е снаа која Којиќ не ја сакаат, останува да покаже времето, пренесе Блиц.