Живот
31. August 2017 - 21:31

По долги години сопругот на Лепа Брена ги раскажа тајните за Принцезата Дајана

Сопругот на Лепа Брена, Слободан Боба Живоиновиќ, раскажа тајни за принцезата Дајана, која загина на денешен ден во страшна несреќа.

- Беше преубава жена, прекрасна, со ена можев да зборувам со часови на секакви теми. Бев изненаден колку е природна, зборувавме за децата, бидејчи мојот Филип е на иста возраст како нејзините синови, вели Боба.

Тој раскажува и како се запознале:

- Недела дена пред Вимблдон се одржа хуманитарен меч под нејзино покровителство, а јас бев учесник и така ја запознав, вели тој.

Околу тоа дали имал романса со неа вели, не би зборувал за тоа, таа сакала како тој игра и тоа било тоа.