По договорот меѓу Бајден и Путин, рускиот амбасадор се враќа во САД
Рускиот амбасадор во Вашингтон, кој беше вратен во неговата земја на консултации во март, денеска отпатува во САД, во согласност со неодамнешниот договор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден, постигнат на Самитот во Женева.
Авионот со амбасадорот Анатолиј Антонов полетал од Москва во 9.20 часот по локално време, пренесоа руските медиуми.
– Со оглед на резултатите од состанокот на двајцата претседатели, сметам на конструктивна работа со моите американски колеги за градење односи на еднаква и прагматична основа, рече Антонов пред патувањето, додавајќи дека е оптимист.
Од своја страна, американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан изјави дека наскоро ќе се врати во Москва.
Американските власти ја обвинија Русија за хакирање и мешање во изборите во САД. Руските власти потоа го повлекоа својот амбасадор во САД на консултации во март, откако Бајден го спореди Путин со „убиец“.
Американскиот амбасадор Џон Саливан ја напушти Москва во април, откако двете земји најавија бран санкции и протерување на дипломатите.
Во мај, Русија официјално ги прогласи САД за „непријателска“ држава.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца