Македонија
21. September 2017 - 16:28

По бурните реакции во јавноста, ПУИГ го укина ценовникот според кој, за еден натпревар на Филип Втори, Вардар плаќаше по близу 40.000 евра

Државата ретерираше. По бурните реакции во јавноста, државното друштво за стопанисување со станбен и деловен простор конечно попушти и го укина ценовникот според кој, за еден натпревар на Филип Втори, Вардар плаќаше по близу 40.000 евра.

Директорите на ПУИГ и Агенцијата за млади и спорт денеска пред медиумите ја признаа грешката

Од фудбалскиот клуб Вардар ја поздравија одлуката, но се уште без конечен став дали се враќаат во својот фудбалски дом

Проблемот со скопската арена изби кога државната ПУИГ реши за 3 пати да ги покачи цените за користење на стадионот. Па така, цената за еден првенствен натпревар на Филип Втори под рефлектори скокна на неверојатни 6.500 евра, а за меч од Лига Европа дури до 40.000 евра.
По ова, Вардар ги спакува куферите и се пресели на стадионот Борис Трајковски во Маџари, а Работнички, своите мечеви ги игра во Ѓорче Петров.