Свет
6. October 2016 - 9:05

По брегзит двојно зголемен бројот на барања од Британци за ирско државјанство

Бројот на Британци кои поднеле молби за добивање ирско државјанство е речиси двојно поголем по референдумот од 23 јуни за брегзит и тој број продолжува да се зголемува, соопшти Министерството за внатрешни работи на Ирска. 

Тие тврдат дека од почетокот на јули досега 21.500 Британци поднеле молба за добивање ирско државјанство. Лани во тој период имало под 11 илјади такви барања.

Според Министерството, во поштенските служби веќе нема формулари за поднесување барање за државјанство.

Во Северна Ирска бројот на луѓе кои бараат пасош се зголемил за 68 отсто во истиот тримесечен период споредбено со претходната година.