Свет
22. February 2016 - 9:18

По Бангкок и Куала Лумпур под закана за терористички напади на ИД

Австралиското Министерство за надворешни работи денеска потврди дека ги информирало властите во Малезија оти има сериозни сознанија за подготовка на терористички напади во Куаа Лумпур и неговата околина.

Не соопштувајќи ги изворите, Канбера наведува дека овии напади би буле во знак на одмазада поради апсењето на седуммина муслимански радикали кои се вратиле од боиштата во Ирак и Сирија и подготвувале напади врз хотели и управни згради на компаниите во кои работат странци.

Во и така зголемениот степен на обезбедување на местата каде што има поголеми групи странци, малезиските безбедносни сили најавија зајакнување на безбедносните мерки.

Малезија најмногу е загрижена поради можни напади на регионалниот огранок на Ал Каеда, групата Абу Сајаф, која дејствува и на југот на Филипините и тврди дека има над 1.000 припадници.

Закана за опасност од терористички напади на поддржувачи на групата Исламска држава има и за главниот град Бангкок и познатите туристички центри Пукет и Патаја во Тајланд. Ваквите информации Тајланд ги доби минатата недела од САД, а „за секој случај ’’ полицијата презеде серизни мерки на предпазливост.

Во Тајланд како можни извршители на терористички напади се посочуваат и припадници на кинеските сепаратисти од Ујгрскиот регион, кои лани преку Тајланд и Турција им се придружиле на припадниците на вооружените сили на ИД. Поради одлуката на Тајланд дел од нив да врати во Кина, каде им се суди за антидржавни активности, ујгурските исламисти организираа бомбашки напад врз храм во Бангкок, при што загинаа 20, а беа ранети 108 лица.