Loading Video...
Спорт плус
15. April 2020 - 14:03

По 74 години прв пад нема да се одржува Тур Де Франс!?

Најголемата трка во велосипедизам популарниот Тур де Франс е последниот во низата големи настани кои се одложени.
 
Иако 107-то издание на на велосипедската трка околу Франција, требаше да започне во Ница на 27 јуни и да заврши во Париз на 19 јули, сепак истата е доложена. 
 
Имено. Откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не може да има масовни собири во земјата барем до средината на јули, со што Француската влада ги одложи сите спортски настани, неизбежно беше и откажувањето на трката. 
 
Организаторите на трката веднаш истакнаа дека ја отфрлаат идејата трката да се одржи без присуство на публика. Согледувајќи ги бројките од финснсиските извештаи, 
 
 која ја започнува трката рече дека нема непосредни планови да направи официјални соопштенија бидејќи продолжува да ги разгледува плановите за вонредни состојби, турнејата важна за француската економија, па затоа истата мора да биде одржана во досегашниот формат.
 
Како што пренесува шпанскиот весник „Марка“ најверојатно Тур де Франс ќе биде презакажан за во август месец, што ќе значи и поместување во календарот на трката околу Шпанија популарната „Ла Вуелта“, односно нејзино поместување за септември, додека „Џиро де Италија“ што требаше да започне во Будимпешта на 9 мај ќе се префрли во октомври месец.
 
Инаку, последниот пат кога Тур де Франс не се одржа беше во далечната 1946 година, односно една година по крајот на Втората светска војна.