Loading Video...
Свет
26. March 2020 - 14:54

По 6 жртви во Албанија и во Србија од Ковид-19

Шеста жртва од коронавирус во Србија. Иста е бројката на починати и во Албанија, која вчера прогласи вонредна состојба. Во Босна и Херцеговина  пак вирусот одзеде 3 животи-вака е состојбата со Ковид-19 на Балканот.

Европското жариште и понатаму е Италија. Во оваа земја досега починале 7000 лица, што значи дека има 4000 повеќе од смртните случаи од Кина.Но позитивно е што веќе четврти ден веќе има намалување на бројот на заразени лица. Ако во саботата имало 4.821 нови заразени, во вторникот 3.612  заразени, вчера тој број е помал-односно 3.491 случаи.

Во Шпанија која е второто европско жариште, вонредната состојба продолжува до 11 април. Трета најпогодена земја е САД со над 1000 починати.

Рускиот претседател Владимир Путин,пак  следната недела ја прогласи за неработна со цел да се спречи ширењето на корона висурот. Освен тоа Путин го одложи и  референдумот за гласање уставни измени закажан за 22 април, со кој би му овозможиле да остане подолго на власт.

Последните бројки покажуваат дека во светот има околу 500 000 заразени. Починале над 21 000, а се излечиле околу 115 000 пациенти.