Свет
2. May 2016 - 11:41

По 50 години првиот крузер од САД исплови за Куба

По 50 години од Мајами вчера за Куба исплови првиот американски туристички брод за крстарење.

Светските медиуми ова го оценуваат како уште една пресвртница по обновата на дипломатските односи на поранешните непријатели од времето на Студената војна. 

Крузерот „Адонија“ исплови околу 16 часот по локално време со 700 патници.