По 48 часа блокада продолжи евакуацијата од опколените населби кај Алепо
Сиријците евакуирани од опколените населби во реонот на Алепо денеска го продолжија своето патување, откако два дена беа блокирани во автобуси, соопшти Сирискиот центра за мониторинг на човековите права.
- Дел од 16-те автобуси блокирани во двете транзитни зони во близина на Алепо го продолжија патот, изјави директорот на Центарот со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.
Од средата утрото, 45 автобуси со борци и цивили приврзаници на режимот, евакуирани од наслебите Фуа и Кафраја, беа блокирани во предградието на Алепо, Рашидин, кое е под контрола на бунтовниците.
Во средата вечерта со други 11 автобуси беа евакуирани жителите на населбите под конторла на бунтовниците, Забадани, Сергаја и Џабал Шарки во зоната на Рамуса, јужно од Алепо. Тие се упатија кон Рамуса во провинцијата Идлиб, во реони под контрола на бунтовниците.
- Во исто време десет автобуси го напуштија Рашдин и влегоа во градот Алепо, кој е под контрола од сирискиот режим, посочи Рахман.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители