Loading Video...
Фудбал
27. December 2018 - 19:40

По 42-ри пат одбојкарски турнир „Бранко Хаџи-Иљоски Чајка“

Еден светол лик во македонскиот спорт и во македонската одбојка, човек кој заслужил години наназад на ваков начин да се потсетуваме на неговото дело и лик и на неговиот придонес за развој на одбојката во нашата земја”, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески на стартот на прес-конференцијата по повод турнирот.

Ако се направи ретроспектива на овој турнир може да се заклучи дека  од стартот во 1975 година, па се досега турнирот од оправдани причини не се има оддржано само два пати. Во далечната 1979 година поради поплави и во 2001 година поради конфликтот.

“Сакам да упатам благодарност  и да им честитам на семејството Хаџииљоски за ангажманот во делот на организацијата на овој турнир, сиве овие години наназад, бидејќи станува збор за еден од најстарите и најдолгите по традиција спортски манифестации кај нас”, додаде Спасеки.

Агенцијата за млади и спорт, како и секоја година, така и годинава, финансиски го потпомага овој настан и организацијата на овој турнир. Годинава, од буџетот на АМС за оваа намена се издвоени 150.000 денари.

“Ја користам приликата да упатам апел до сите љубители на одбојката и сите вљубеници во спортот, во недела да дојдат во спортската сала во ОУ “Гоце Делчев” да проследат добри натпревари и да уживаат во она што ќе го понудат 4-те женски екипи, кои годинава ќе настапат на турнирот: ЖОК Пирин од Разлог - Бугарија, ЖОК Љуботен и ЖОК Шкендија од Тетово и ЖОК Партизан од Струмица”, порача Ивица Хаџииљоски кој искажа голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт за непрекинатата поддршка.