Бизнис
10. January 2017 - 20:04

По 40 години се набавуваат нови електрични локомотиви

Железница ќе се поднови со четири нови електрични локомотиви. Договорот за набавка МЖ транспорт го потпиша со кинеската компанија  Це Ер Ер Це Џуџоу. Вкупната инвестиција  е 8 милиони евра. Парите се обезбедени од Европската банка за обнова и развој. Новите локомотиви се очекува да стигнат до крајот на годинава. Тие ќе го подобрат квалитетот на услугата и безбедноста во железничкиот сообраќај.

Македонија е важна југоисточна железничка транспортна зона и е постојано во фокусот. Од кинеската компанија посочија дека  ќе овозможат и поволни услови при финансирањето.

- Нашата компанија ќе обезбеди ресурси и експертиза. Ќе добиете сигурни, безбедни производи со врвни перформанси и прекрасен изглед, со ова дополнително се рподлабочува соработката и пријателството , рече  Шин Хе - кинеска компанија –ЦРРЦ-  Џуџоу

Кинеската компанија е основана уште во 1936 годинаи има осум децении искуство во произвдоство и сервисирање на локомотиви. Соработува со преку 10 земји и годишно реазлира набавка од околу 45 милијарди јуани

Претходно железница од истата компанија ги набави шесте нови возови. Наскоро треба да стигнат и последните два. Паралелно се работи и на модернизација на железничките станици и пруги. Од април се очекува повторно да се воспостави линија од Скопје до Солун и до Белград а се работи и на проектот за пругата од Битола до Лерин.