По 30 години проговоре: Никој не знаеше зошто концертот е откажан, а „Црвена Јабука“ загуби два члена
Популарниот сараевски бенд, „Црвена Јабука“, на самиот почеток по формирањето, пред цели три децении, доживеал тешки моменти кога во сообраќајна несреќа загубиле два члена. На 18. септемрви 1986 година, додека возеле кон Мостар каде вечерта требало бендот да одржат концерт, загинале Дражен Ричл – Зијо, пејачот на групата и басистот Аљоша Буха.
-Публиката подолго време не знаеше зошто е откажан концертот, но потоа слушнаа гласини дека станува збор за сообраќајка, по што голем дел од оние кои беа пристигнати за концертот, се упатија кон болницата во Мостар, раскажува за немилата случка Дражен Жериќ – Жера, триесет години подоцна.

-Во првото возило „Фиќо“ кое го возеше Златан Арсланагиќ со него беа Дражен Ричл и Аљоша Буха. Зад нив имаше уште две возила во кои патувавме сите кои бевме тргнати за концертот. Кратко откако минавме половина пат, Фиќото се занело, преминало на левата страна од патот и сударот со камион бил неизбежен. Ние воопшто не ни застанавме, бидејќи се брзавме за концертот, па не забележавме дека е нивната кола. Додека возевме кон Мостар се чудевме како успеале толку многу да ни побегнат за да не ги стигнеме. Потоа на стадионот во Мостар дознавме што се случило. Буха загинал на лице место, а Дражен им подлегна на повредите и почина на први октомври, се сеќава Жера на тешките мигови.
Ново на Сител
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин
-
Аморим е добро заштитен доколку Јунајтед реши да го отпушти на лето