Македонија
18. August 2018 - 16:57

По 26 години АРМ ја добија поканата за членство во НАТО

Прв ден на АРМ по добивањето на поканата за членство во НАТО, успех кој што треба да го финишираме со членство во Алијанста, истакна министерката Шеќеринска по повод денот на армијата- 18 август. 26 години АРМ ја обезбедува нашата држава, ја брани сигурноста на нашите граѓани, и помага секогаш кога тоа е потребно.  Тие се тука секогаш кога е тешко и им помагаат на граѓаните кога има проблем, а пради тоа се институција во која граѓаните секогаш имаат најголема доверба.

Поставувањето на досегашниот воен претставник на Македонија во НАТО, генерал мајор Васко Ѓурчиновски, за началник на ГШ ја потврдува определбата на нашата земја за оставарување на главниот стратешки приоритет, членство во Алијансата.

Шеќеринска најави дека ќе продолжи модернизацијата на АРМ. Предвидена е набавка на невоени возила и инженерски машини, подобрување на компјутерскиуот систем и негова заштита, а за следната година најави набавка и на нови оклопни возила.

Бранислав Јанески Сител ТВ