Македонија
3. March 2021 - 16:48

По 200 доктори дневно примаат вакцина против Ковид, нови дози се уште нема

Датум за вакцини се уште нема а од 8.000 дози на Фајзер што ни ги отстапи Србија досега тимовите вакцинирале само 2.860 здравствени работници. Или од 17 февруари досега, во пунктовите во модуларната болница кај Инфективна дневно поминувале 204 медицинари. Иако овие дози беа наменети за вработените во ковид центрите, според информации на Сител лекари и сестри одбивале да ја примат оваа вакцина и а чекаат кинеската од Синофарм. Дали поради ова почна имунизација и на матичните лекари од здравство ни одговорија дека процесот е доброволен и нема ставка откажување. Но пред да ги пречекаат дозите на Табановце, надлежните кажаа дека се пријавиле 4.000 медицински лица од црвените зони, односно доволно за пратката од северниот сосед.

И денеска нема одговор до каде е средувањето на документацијата со кинескиот производител кој ни го врати авансот ниту пак кога ќе биде потпишан договорот со Фајзер. Здравствените власти велат ќе ја информираат јавноста кога ќе пристигнат вакцините. И додека за едни денови се во прашање за пристигнување на неопходните количини за граѓаните, во соседните земји процесот на заштита на населението е во тек.

Во Србија вакцинирале повеќе од еден милион граѓани а црногорците денеска го пречекаа првиот контингент со 30.000 вакцини од Синофарм. Хрватскиот министер за здравство на граѓаните ќе им ја обезбеди и руската Спутник пред истата да биде одобрена од евроското регулаторно тело. Добиле одговор од Русија дека може за една недела да им ги достават дозите.

Кај над на хартија има над 2 милиони вакцини, но во фрижидерите во диспанзерите ниту една.