Свет
11. September 2018 - 14:26

По 17 години се уште копаат по правта и пепелта: Форензичарите се обидуваат да ги идентификуваат, над 1.000 жртви немаат име и презиме

Иако поминаа точно 17 години од терористичкиот напад врз кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, кој се случи на 11. септември 2001 година, дури 1.000 жртви се уште не се идентификувани. Меѓутоа вработените во њујоршката лабораторија не се откажуваат од оваа работа, повторувајќи го истиот протокол од ден во ден.

Тимот од лабораториите планира на овој тежок проект да работи се додека и последната жртва „не го добие своето име“.

Најпрво се истражуваат примероците од деловите од човечките коски кои се пронајдени во остатоците од Кулите блзиначки. Дури после тоа треба да се спореда то примероците од ДНК. Новите технологии подразбираат иситнетните делови од коските, претворени во фина прашина, да се помешаат со одредени хемикалии кои овозможуваат извлекување на ДНК.

Меѓутоа, работата е тешка и успехот не е загарантиран.

„Коските се најтешкиот биолошки материјал за работа. А кога уште ќе се додаде огнот, песокот, бактериите, сончевата светлина, млазното гориви, дизелот и се останато на што биле изложени тие на местото на трагедијата, а што ја уништува ДНК, можете да имаше физички примерок со многу мало количество ДНК“, објаснува Марк Дизајр, помошник директор за форензичка биологија во Њујорк.

Над 22.000 човечки остатоци се пронајдени на местото на терористичкиот напад и сите се тестирани, а некои од примероците и по 10 до 15 пати. До сега официјално се идентификувани само  1.642 од 2.753 лица кои настрадаа во нападот на 11 септември 2001 година. За уште 1.111 лица се уште не дошле информации за идентификација.

Понекогаш поминуваат и по неколку години додека лабораторијата успее да додаде некои име на списокот на идентификувани жртви.

„Поминуваме идентични протоколи кои ги имавме и во 2001 година но сега технологиите и условите за работа се многу напредни“, објасни Дизајр.

Во јули, речиси година дена по последната идентификувана жртва, лабораторијата успеала меѓу настраданите да ги упише името на Скот Мајкл Џонсон, 26-годишниот финансиски аналитичар, кој работел на 89. кат од јужната кула.

„Се чувствував навистина добро. Обучени сме да не ни влијаат емотивно резултатите, но сепак сите не погодуваат. Сепак, се трудиме да останеме професионалци и да им пружиме на семејствата крај на приказната“, рече Вероника Кано, една од форензичарите.