Македонија
25. February 2016 - 16:34

По 13 години целосно ќе се реновира и повторно отвори одделот за хидротерапија во „8 Септември“

По 13 години затворени врати, комплетно ќе биде реновиран одделот за хидротерапија во општата болница 8-ми Септември.

Министерството за здравство за таа намена инвестира  25 милиони денари. За четири месеци треба да бидат во функција базените, две сауни и парна бања  кои се неопходни за рехабилитација на пациенти.

Наместо да бараат конзилијарно мислење за продолжено бањско лекување, услугите можат да ги добиваат во 8-ми септември.

Директорот на болницата вели дека овој оддел ќе им биде од голема помош на пациентите од ортопедија и трауматологија. Во исто време можат и да заработуваат нудејќи го на приватни лица за време на викендите.

Менаџментот на установата планира во скоро време реновирање и на останатиот дел од одделот за физикална терапија. Дневно таму третираат околу 200 пациенти, што е драстично зголемен број во споредба со минатите години.