Бизнис
10. October 2016 - 20:09

По 10 илјади евра поддршка за најбрзо растечките мали бизниси во Македонија

10 мали и микро фирми  кои се отворени со  помош на државен грант добија национална награда за најбрзорастечки фирми таканаречени „Газели“.

За добро остварените резултати и за брзиот напредок  тие ќе добијат и дополнителна помош од опрема и материјали за работа во вредност од  10 илјади евра.

Програмите за вработување и отворање на бизниси се воведоа со цел да се зголеми бројот на мали и микро бизниси кои  всушност имаат централна улога во развојот на економјата на една земја.

Амбасадорот на Холандија потенцира дека неговаат земја секогаш ќе ја подрши Македонија ососбено кога треба да се помогне во развојот на претприемиштвото.

Досега со мерката грантови за самовработување отворени се близу 9.000 бизниси, од нив 70 отсто сеуште активно работат. Во Македонија 84 отсто од фирмите се мали и микрот бизниси.