Фудбал
22. October 2017 - 16:44

ПМФЛ: Пораз на Вардар, триумф на Шкендија

Фудбалерите на Победа како и минатата сезона повторно го изненадија Вардар совладувајќи го со 1-0 македонскиот првак.
Единствениот погодок на Могила го постигна Дарко Илиевски во 77м.
Шкендија ја искористи оваа ситуација и со триумф од 4-1 во дуелот со Шкупи ја врати предноста на врвот.
Работнички конечно победа и тоа со 2-0 против Пелистер. Силекс - Ренова  одиграа без голови 0-0 додека Скопје и А.Пандев ремизираа со резултат 1-1.

фото спортмедиа.мк