ПМФЛ: Минимални победи на Шкандија и Вардар | Сител Телевизија
Loading Video...
Фудбал
17. March 2018 - 16:56

ПМФЛ: Минимални победи на Шкандија и Вардар

Водечкиот тандем на табелата,тетовска Шкендија и скопски Вардар, забележаа минимално победи во дуелите од 24.коло на Првата македонска фудбалска лига.
 
Лидерот на табелата,Шкендија пред својата публика во Тетово го совлада трето пласираниот Силекс со 1-0 со голот на Енис Фазлагиќ во 16.минута. 
 
Натпреварот на „Филип Втори“ меѓу Вардар и Ренова во кој победа оствари вардар со 1-0 го реши Дејан Блажевски во 23.минута. 
 
Триумф на домашен терен оствари и прилепска Победа која со 2-0 го совлада Работнички, а средбата меѓу Академија Пандев и Пелистер заврши без победник 1-1. 
 
Последниот меч од ова коло ќе се игра утре, а во него ќе се сретнат Шкупи и Скопје. 
 
По ова ќе следува пауза во домашното првенство, поради настапите на двете селекции, сениорската која ќе одигра контролни натпревари, како и младинската која ја очекуваат дуелите од квалификациите.
 
 
             ТАБЕЛА
  1. Шкендија 62 бодови, 
  2. Вардар 46, 
  3. Силекс 36 (-1), 
  4. Шкупи 29 (-1), 
  5. Академија Пандев 29, 
  6. Работнички 28, 
  7. Ренова 25, 
  8. Победа 25, 
  9. Пелистер 22 (-1), 
  10. Скопје 17 (-1).