Loading Video...
Фудбал
23. October 2019 - 17:02

ПМФЛ: Максимален ефект на домаќините

Попладнево се одиграа натпреварите од 11.коло во ПМФЛ. Сите пет натпревари од ова коло завршија со победи на домаќините. 
 
Вардар и Шкупи забележаа идентични победи над Борец и Работнички со 2:0.
 
Триумф од 3:0 оствари тетовска Шкендија над Силекс, а најубедлив беше составот на Академија Пандев кој со 4:0 ја победи Македонија ЃП. 
 
Максималниот учинок на домашните тимови го надополни Струга која со 1:0 ја победи Ренова. 
 
Комплетни резултати од 11.коло во ПМФЛ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 3-0 
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА  Ѓ.П  4-0
ВАРДАР – БОРЕЦ  2-0
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2-0
СТРУГА ТЛ – РЕНОВА 1-0
 
ТАБЕЛА:
1 Академија Пандев 24 бодови    
2. Вардар 24
3. Шкупи 16
4. Македонија ГП 16
5. Шкендија 14
6. Струга Трим & Лум 14
7. Ренова 13
8. Силекс 12
9. Борец 11
10. Работнички 10