Фудбал
25. February 2018 - 12:01

ПМФЛ: Дуели за важни бодови

Работнички и Вардар го отворија викенд колото во Првата македонска фудбалска лига со победа на „романтичарите“ од 2-1 а останатите средби кои можат да разјаснат многу во изгледот на прволигашката табела се играат денеска од 14.00
Во Тетово Шкендија е голем фаворит против Академија Пандев и со победа тетовчани се пред шампионска промоција.
Во Кратово Силекс може да ја зацврсти третата позиција со победа против Пелистер додека Скопје како домаќин на Железарница ќе бара спасоносни бодови во дуелот со Ренова.
Победа пак ќе му биде домаќин на тимот на Шкупи на стадионот во Битола.