Спорт плус
4. February 2019 - 15:40

ПМ Пинг понг: Порази на фаворитите

Недела 3ти Февруари, Спортскиот Центар ФОРЦА повторно беше арената каде што Суперлигашите и екипите од првата лига ги одмерија силите во рамките на десотото и единаесетото коло од првенството во пинг понг.

 Дерби на десотото коло во Супер лигата беше натпреварот на екипите на Вардар и Телеком НЕЦ, кој заврши со 4:2 за Вардар. Во овој натпревар Милош Миленковиќ од Србија кој настапува за телекомци го победи првакот на Македонија Кристијан Станојковски со 3:0. Воедно тоа е и прв пораз на Станојковски во оваа сезона.
 Единаесетото коло повторно донесе големо изненадување, еден од најсериозните фаворити за титулата прилепски Младост убедливо со 4:1 беше поразен од Телеком НЕЦ. Со овој пораз на Младост, екипата на Вардар е повторно чекор напред во борбата за најповолната позиција за плеј офот. Другите натпревари завршија со победи на фаворитите. 
 
РЕЗУЛТАТИ СУПЕР ЛИГА
 
Супер лига 10то коло
Телеком НЕЦ - Вардар 2:4
Младост 96 - Мултитекс 4:0
УГД - Шампион ФА 1:4
Младост - Работнички 4:0
 
Супер Лига 11то коло
Младост - Телеком НЕЦ 1:4
Работнички - УГД 4:0
Шампион ФА - Младост 96 1:4
Мултитекс - Вардар 1:4
 
 ТАБЕЛА СУПЕР ЛИГА
 
  ЕКИПА победи порази бодови
1 Вардар 10 1 21
2 Младост 9 2 20
3 Младост 96 8 3 19
4 Телеком НЕЦ 7 4 18
5 Шампион ФА 4 7 15
6 Работнички 4 7 15
7 УГД 2 9 13
8 Мултитекс 0 11 11
 Во првата лига изненадување на десетото коло го приреди велешката екипа Борец ТИМ од Велес кој со 4:3 во многу неизвесен меч го совлада битолски Пелистер, иако имаше негатива од 1:3 во натпреварот. Со оваа победа велешани ќе се обидат да го избегнат седмото место на табелата кое води кон играње на бараж натпревар за опстанок во првата лига. Во единаесетото коло најголемото изненадување во лигата од самиот почеток го приреди екипата на студент која го совлада тимот на Кочани со 4:2. Со овој пораз на Кочани, екипата на Радовиш на три кола до крајот речиси е сигурен суперлигаш од следната сезона. Додека борбата за првото место скоро да е готова, битката за опстанок е неизвесна до самиот крај. Три екипи, Пелистер, Борец ТИМ и Студент ќе водат битка и следната сезона да се натпреваруваат во Првата лига.
 
РЕЗУЛТАТИ ПРВА ЛИГА
 
Прва лига 10то коло
Студент - Радовиш 0:4
Струга - Пошта 2 4:3
Борец ТИМ - Пелистер 4:3
Кочани - Дебар Маало 4:1
 
Прва Лига 11то коло
Кочани - Студент 2:4
Дебар Маало - Борец ТИМ 4:3
Пелистер - Струга 1:4
Пошта 2 - Радовиш 2:4
 
ТАБЕЛА ПРВА ЛИГА
 
  ЕКИПА победи порази бодови
1 Радовиш 11 0 22
2 Кочани 9 2 20
3 Дебар Маало 6 5 17
4 Пошта 2 6 5 17
5 Струга 6 5 17
6 Борец ТИМ 2 9 13
7 Пелистер 2 9 13
8 Студент(-1) 2 9 12