-->
-->
Плоштадот „Коцка“ во Автокоманда ќе добие нов изглед
-->
Плоштадот „Коцка“ во Автокоманда, кој се наоѓа зад Домот на културата „Димитар Влахов“, ќе добие нов изглед. Граѓаните од овој дел на Гази Баба ќе добијат ново катче кое ќе биде мултифункционално, наменето за сите возрасти.
Проектот, како што соопшти општина Гази Баба, се гради во три фази. Првата фаза ги опфаќа најкрупните зафати и тие речиси се готови. Поставено е ново економично смарт осветлување, изградени се пристапните рампи за лица со инвалидност кои меѓу себе се поврзани.
Во фаза на изградба е новата пристапна платформа која ќе го поврзе плоштадот со Домот на култура, а се работи на плочникот кој ќе биде обложен со ситнозрнест гранулиран бетон, како и на скалите на плоштадот. Првата фаза ќе се финализира со поставување урбана опрема.
- Целиот простор ќе има форма на отворена сцена која ќе претставува одлично место за културни манифестации, а ќе се простира на површина од 2.300 метри квадратни, се вели во соопштението од општина Гази Баба.
Во втората фаза ќе се гради современо детско игралиште, а во третата ќе се уредува паркинг просторот, кој ќе биде ограничен само на потребите на станарите или сопствениците на дуќаните во околината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација