Македонија
16. July 2019 - 19:29

Пломп за Сител: Никој не е над законите

Амбасадорот на Кралството Холандија, Валтер Пломп во интервју за Сител вели дека секој за кој постојат сомневања за злоупотреби треба да биде истражен и дека никој не може да биде над законите.

Тој истакна дека приоритет за Холандија е да има решени случаи на корупција, не се инсистира ниту на имиња, ниту на институции.

Пломп вели дека е охрабрен од зголемените капацитети на редовното Јавно обвинителство.

Владеењто на правото, вели Пломп, останува клучен предуслов за добивање датум за преговори во октомври.