Живот
25. July 2016 - 12:21

Пливал во локална река, а потоа се сретнал лице во лице со ова чудовиште!

Колку и да знаете за подводниот свет, секој нов ден научниците (како и обичните луѓе) откриваат нешто ново за животот под вода.

Секој ден, биолозите откриваат возбудливи и необични видови суштества. Меѓутоа, една риба сите светски научници ги „држи на раб“.
Се работи за огромен сом од реката Меконг, за кој доколку во блиска иднина не се направи нешто, неговиот вид ќе исчезне и никогаш повторно нема да го видиме.
Вака изгледа џиновскиот сом од Меконг, кој може да се најде во Југоисточна Азија.
 
И покрај тоа што на мештаните им е познат со векови, научниците знаат многу малку за оваа риба, бидејќи постои во мал број.
 
Нивниот брз раст, голема маса (околу 350 килограми) и должина до 3 метри, привлекува многу риболовци во оваа област.