Македонија
14. August 2018 - 17:18

Пливачот Поп Ацев вели дека федерацијата не го пријавила на време за Европското Првенство - ќе понесе ли некој одговорност?

Евгениј Поп Ацев добил потврда од ЛЕН дека пливачката федерација навреме не го пријавила на Европското првенство во Глазгов. Разочаран од односот на своите колеги за Сител вели очекува случајот да биде расчистен и јавноста да ја дознае вистината. На обвинувањата  и навредите  не даде коментар најдобриот маратонец но тврди дека тој ги исполнувал стандардите за учество кои ги предвидува ЛЕН. Поп Ацев вели до последен миг од федерацијата го уверувале дека тој ќе се натпреварува на првенството за во последен миг кога била објавена стартната листа самиот да види дека не учествува.

До сега од федерацијата никој не понесе одговорност за овој случај, оставка си даде само еден од членовите на управниот одбор Александар Поповски по состанокот за скандалот со Поп Ацев.

Според директорот на АМС тие немаат надлежност да преземат мерки но велат се залагаат за системско решавање на овој проблем за да не се повтори во иднина.

Од пливачката федерација преку соопштение одговорија дека преку електронска пошта испраќале барања за учество само на Поп Ацев за трките на 10 и 25 км но не добиле потврден одговор. ПФМ немала право да користи сметки, печат и службена електронска пошта која и беше замрзната поради судскиот процес за докажување кој е легитимен претседател и раководство на ПМФ.

Во соопштението од федерацијата велат  дека маратонецот резултатски комплетно потфлил во официјалните дисциплини 10 и 25км. Со потпис од претседателот на ПФМ Александар Маленко се наведува  

- Македонија мора да расчисти со лажни слики на величини создавани во последната декада, ако сака да има врвен спортски резултат во пливање и секој олимписки спорт.

Каевски уверува дека и покрај разните информации охридскиот маратон ќе се одржи тој е најавен и на него ќе земе учество маратонецот Поп Ацев. Ова го потврди лично и најдобриот македонски пливач кој по овој маратон ќе замине на натпревар во Капри Италија.