Тенис
16. March 2017 - 10:06

Плискова – Кузнецова во првото полуфинале во Индијан Велс

 
 Позната е првата полуфинална двојка на женскиот дел од ВТА турнирот во Индијан Велс, САД. Влез меѓу четирите најдобри обезбедија Светлана Кузнецова и Каролина Плискова кои го сочинуваат првиот полуфинален пар.
 
Плискова ноќеска ја победи Гарбине Мугуруза со 2-0, во двата сета на тај брејк (7:6 и 7:6).
 
Претходно, во рускиот дуел Кузнецова со убедливи 6:3 и 6:2 ја совлада Анастасија Павличенкова.
 
Учесничките во второто полуфинале ќе бидат познати по четвртфиналните мечеви:
Елена Веснина – Венус Вилијамс и 
Каролине Возниацки – Кристина Младеновиќ.