Тенис
29. March 2019 - 11:35

Плишкова ја лиши Халеп од првото место во светот

Каролина Плишкова од Чешка се пласира во финалето на силниот турнир на тврди терени во Мајами со награден фонд од 9 милиони долари.

Поставената под бр. 5 во шемата, Плишкова ја победи втората носителка Симона Халеп (Романија) со 7:5, 6:1 и ја лиши својата ривалка од можноста да ја предводи светската ранг-листа од понеделник.

– Мислам дека Одиграв одличен втор сет. Халеп, се разбира, можеше да се претстави и подобро во него, но можеби таа беше малку разочарана од развојот на првиот дел и тоа и влијаеше. Но јас направив некои одлични удари и сум среќна со мојата игра, рече Плишкова, која пласираше 23 винери и 16 неизнудени грешки.

Вообичаено стабилната од главната линија, Халеп направи 20 грешки со само 14 победнички удари.

Во спорот околу трофејот, Плишкова ќе се соочи со број 12 во шемата, Ешли Барти (Австралија).