Македонија
8. јуни 2016 - 16:11

Плевнелиев и Вокер: Брзи избори единствено решение за излез од политичката криза

Бугарија е загрижена за безбедносната состојба во која се наоѓа Македонија. Бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев состојбата ја оценува како критичен историски момент, посочувајќи дека одговорноста е на нејзините лидери и политичари. Во интервју за бугарското радио Фокус, оценува дека излезот е во переговори. 

Политичарите во Македонија треба да седнат на преговарачка маса, да се откажат од насилства, да завршат со непринципиелното и апсолутно неразбирливото противење по секоја цена и на секој можен начин и треба да излезат на избори, бидејќи изборите се решението на секоја криза, вели Плевнелиев.

Смета дека од кризата во Македонија корист има група луѓе. Во однос на релациите со Бугарија, Плевнелиев посочува модерниот и современ пристап меѓу двете држави ќе овозможи нов почеток базиран на европски принципи и вредности.

- Очекувам да ги изодиме и последните чекори за потпишување на договорот за добрососедство, што ќе биде потврда за новата фаза во нашите односи, изјавил Плевнелиев.

На, иста линија со Плевнелиев во оценкатан дека излезот од кризата е во кредибилни избори е и извршниот директор на Институтот Мекејн и екс мабасадор на САД во НАТО, Курт Вокер.

- Излезот е преку избори. Важно е да има влада која ќе има обновена доверба од граѓаните. Тоа би бил можен излез од кризата. Но, патот до таму нема да биде лесен. Партиите и лидерите кои ќе победат на тие избори ќе бидат оние кои ќе ја извадат земјата од кризата во која е западната, вели Вокер во изјава за Гласот на Америка.