Пленковиќ: Заради кризата во „Агрокор“ ни се закануваше финансико цунами
Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и актуелен хрватски премиер Андреј Пленковиќ синоќа најави дека партијата на локалните избори излегува со слоганот „Една е Хрватска“ и во својот говор ги отфрли злонамерните обвинувања дека го штити криминалот во „Агрокор“, предупредувајќи дека заради кризата во оваа фирма на Хрватска и се закануваше „финансиско цунами“.
- Заради кризата во „Агрокор“ на Хрватска и се закануваше економско и финансиско цунами, рече Пленковиќ во Сплит во текот на говорот на претставувањето на кандидатите на ХДЗ за локалните избори.
Како што јави ХИНА, Пленковиќ рече дека неговата Влада и ХДЗ во решавањето на тешкотиите во „Агрокор“ пристапиле одговорно и врз основа на искуството во решавање на сличните проблеми во другите земји.
- Ние тоа го правиме законски, без хајки, хистерија и линч и без барање на скалпот, а некои други тоа го прават така што некаквиот успех би им бил корисен во кампањата за локалните избори, рече Пленковиќ.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето