Пленковиќ очекува зелено светло од Еврокомисијата за влез на Хрватска во Шенген
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Брисел изјави дека очекува сегашната Европска комисија до крајот на својот мандат да даде препорака за влез на Хрватска во Шенген зоната.
– Очекувам Колеџот на комесари да го прифати она што го предложија надлежните комесари, мислам пред сè на еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос, рече Пленковиќ, кој одржува серија состаноци со високи европски претставници во Брисел.
Европската комисија до средината на следниот месец на дневен ред би требало да ја стави проценката за подготвеноста на Хрватска за влез во Шенген-зоната. Претседателот на Евркомисијата Жан-Клод Јункер, за време на посетата на Загреб во јуни рече дека Комисијата ќе донесе позитивна препорака до крајот на мандатот, кој истекува на 1 ноември.
– Направивме многу чекори и сега очекуваме Колеџот на комесари да го прифати кажаното на пониско ниво, рече Пленковиќ.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори