Балкан
9. November 2017 - 14:20

Пленковиќ очекува неговата Влада да го преживее гласањето за доверба

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека очекува утре во Саборот да му биде изгласана доверба на неговиот Кабинет, додвајќи оти и оваа опозициска иницијатива за недоверба на Владата ќе заврши како претходните две.

Пленковиќ оцени дека владејачката коалиција смета на парламентарното мнозинство од 78 пратеници.

Андреј Пленковиќ

Опозицијата минатиот четврток поднесе иницијатива за изгласување недоверба на Владата, а лидерот на најголемата опозициска сила, Социјалдемократската партија (СДП), Давое Бернардиќ по тој повод порача дека е потребно да се расчисти „корупцискиот октопод, здружениот ортачки потфат и калта во која се наоѓа Кабинетот на Пленковиќ поради случајот Агрокор“.