Пленковиќ очекува деблокирање на стартот на преговорите со Скопје и Тирана
Хрватска на самитот во Загреб во мај годинава ќе посвети особено внимание на деблокирање на почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претставувајќи ги приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ, на состанокот на претседателите на комисиите за европски прашања на парламентите на земјите членки на ЕУ.
На Самитот во Загреб, Пленковиќ изјави дека особено внимание ќе биде посветено на деблокирање на ситуацијата во која се Македонија и Албанија на Европскиот совет во октомври.
– Отвореноста на Европа, како во 90-тите години, никогаш повеќе нема да се повтори. Сега имаме внимателно дизајниран процес на проширување, изјави Пленковиќ.
Хрватскиот премиер, посочи дека „не е фер“ што Македонија е „на чекање“ за отворање на пристапните преговори и по промената на името и уставот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО