Балкан
18. July 2017 - 20:51

Пленковиќ не ја прифаќа оставката на министерот Крстичевиќ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека не ја прифаќа оставката, која претходно денеска ја поднесе потпретседателот на Владата и министер за одбрана Дамир Крстичевиќ, а поради критиката на претседателот Колинда Грабар Китаровиќ дека војската порано можела да се вклучи во совладувањето на огнената стихија. 

Пленковиќ по враќањето во Загреб одржа вонредна прес-конференциja, на која на оваа забелешка на претседателката одговори дека министерот за одбрана и потпретседател на Владата, Крстичевиќ дејствувал превентивно и ангажирал припадници на војската, кои биле подготвени да помогнат, доколку е потребно. 

Пленковиќ изјави дека не му е јасно врз основа на која информација претседателката го донела овој заклучок. 

- Јас бев во авион, која ја слушнав оваa вест. Министерот за одбрана ја антиципираше оваа одлука во текот на денот. Тука единствено можеме да го пофалиме превентиниот ангажман на министерот, кој има истенчен инстинкт на воен заповедник. Не знам од каде на неа и се тие информации, рече Пленковиќ.

А на прашањето дали се слушнал со претседателот Колинда Грабар Китаровиќ, Пленовиќ изјави дека не се слушнал, а на дополнителното прашање како ја толкува нејзината критика, го избегна конректниот одговор.

- Потпретседателот на Владата и министерот за одбрана има уште многу да даде за Хрватска, а особено за Министерството за одбрана, додаде тој.

Вчера попладне беше донесена усна одлука за ангажман на хрватската војска, кој следеше во рамки на сите законски предвидени процедури. Истовремено ангажирани се и пилоти на кандери и ер трактори.

Тој појасни дека станува збор само за еден од 14-те пожари во Сплитската жупанија, кој, како што оцени, е медиумски интересен, бидејќи е реткост пожар да дојде до градот, во овој случај Сплит. 

- Станува збор за голем пожар, материјалната штета е голема и имаме огромна емпатија за оние, чии куќи се загрозени, повеќето се ненаселени, изгоре многу шума, маслинова, рече Пленковиќ и додаде дека она што во оваа ситуација е најважно е дека ниту еден објект од стратешко зналење не бил загрозен, бидејќи пожарникарите тоа го спречиле.

- Јас за тоа им честитат, рече Пленковиќ. 

Во меѓувреме и Грабар Китаровиќ ја отфрли можноста да ја прифати оставката на Крстичевиќ.

Таа во изјава за „Јутарњи лист“ изјави дека министерот за одбрана нема никаква одговорност, како и дека е изненадена од неговиот чекор, што, како што рече е „апсолутно неприфатлив“. 

- Тој е одличен министер и мошне добро ја работи својата работа и нема одговорност за тоа што се случи. Војската не може сама да излезе на терен, туку мора да биде повикана. А во оваа ситуација одговорноста ја имаат оние кои на терен погрешно ја процениле ситуацијата и предоцна ја повикале војската на помош, иако знаеле дека таа цело време им е на располагање. Војската на крај заврши мошне добра работа, додаде таа. 

Хрватските медиуми овој пресврт во изјавата на Грабар Китаровиќ го толкуваат со тоа што таа, која е и врховен командант на вооружените сили, првата изјава ја дала во Австрија и немала доволно информации за се што се случува на терен.