Пленковиќ на средба со лидерите на партиите поради кризата во односите со Словенија
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ги повика денеска попладне на итен состанок лидерите на политичките партии, на кој тема ќе бидат заострените односи меѓу Словенија и Хрватска, соопшти Владата во Загреб.
Исто така, за денеска е закажана и вонредна седница на словенечката парламентарна Комисија за одбрана, посветена на „подготовката на војската да ја спроведе арбитражната пресуда за границата со Хрватска“, која ќе се одржи по барање на претседателот на Комисијата Жан Махниќ, кој е пратеник од најголемата опозициска партија СДС.
Тоа го потврди и портпаролката на Словенечката демократска партија (СДС) Матеја Ерчуљ.
- Седницата ќе се одржи зад затворени врати во 16 часот, а потоа е можно Махниќ да даде изјава за јавноста, во зависност што ќе се случува на седницата, истакна Ерчуљ.
Словенечкиот премиер Миро Церар повеќе пати досега побарал седницата да се откаже, оценувајќи ја темата „целосно непримерна“. Тој предупреди дека на тој начин се испраќаат лоши сигнали кон меѓународната заедница околу спорот со Хрватска, бидејќи Словенија планира арбитражната одлука да ја имплементира на мирен начин. Слично реагираше и словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец, сметајќи ја седницата за „непотребна“.
Младиот словенечки политичар од партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша нагласи дека „Хрватска распоредува бродови со специјални единици, еден кај Умаг и еден во околината на Пула“.
- На бродовите се наоѓаат припадници на специјалните единици на хрватската војска, а не крајбрежна стража. Нивна цел е да го спречат спроведувањето на арбитражниот договор. Хрватска е подготвена да ја брани својата земја, но не знаеме како тоа ќе го направиме. Не дај Боже да дојде до конфликти, кои може да ги очекуваме од хрватска страна, додаде Махниќ, обвинувајќи го Церар дека не презема ништо во врска со тоа прашање.
Махниќ не е единствен кој споменува оружје кога станува збор за примена на одлуката на Арбитражниот суд во Хаг. Германските медиуми, кои во претходните денови информираа за тензичните односи меѓу Словенија и Хрватска, пишуваат дека „не е исклучена и употреба на сила во спорот околу Пиранскиот залив“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација