Пленковиќ го доби мандатот за формирање нова влада на Хрватска
Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ му го довери мандатот за состав на нова влада на досегашниот премиер и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ.
Пленковиќ претходно му ги предаде на претседателот на Хрватска потписите на 76 од вкупно 151 избрани пратеници кои го поддржуваат, со што докажа дека има парламентарно мнозинство, како што е предвидено со Уставот.
– Ја доставив одлуката за доделување мандат на Пленковиќ во кабинетот за да се избегне таа церемонијалност, бидејќи тоа е едно парче хартија. Тој ги донесе потписите, резултатите од изборите се јасни, рече Милановиќ на заедничката прес-конференција.
– Се надевам дека сите ќе бидат здрави, весели… дека нема да бидат компромитирани во однос на здравјето и дека ќе можат да ја завршат својата работа, истакна Милановиќ.
– Хрватска се соочува со многу тешки предизвици, од политички, економски, финансиски и јавно-здравствен карактер. Затоа нашата цел беше што поскоро да одиме кон конституирање на новиот состав на парламентот, што ќе се случи на 22 јули, истакна Пленковиќ.
Тој рече дека ќе ги претстави членовите на Владата следната недела, по состанокот на партискиот врв, но најави дека во новата влада ќе има 16 ресори,односно четири помалку од досега.
Пленковиќ изјави дека во неговиот кабинет ќе има и четворица потпретседатели, меѓу кои ќе биде и претставникот на Самостојната демократска партија на Србија (СДСС), Борис Милошевиќ.
Покрај 66 избрани пратеници од листата на ХДЗ, Пленковиќ е поддржан и од осум членови на националните малцинства, меѓу кои и тројца Срби, како и еден член на Хрватската народна партија и еден од реформистите.
Претходно денеска, Милановиќ прими претставници на Државната изборна комисија, кои му ги врачија официјалните резултати од изборите, одржани на 5 јули.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација