Пленковиќ: Да им дадеме шанса на Северна Македонија и Албанија
Мојот аргумент е: „да им дадеме шанса и да почнеме, бидејќи со денешниот степен на несигурност, никој не може да го предвиди траењето на процесот“, вели премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ во интервјуто на „Јуроњуз“ на грчки јазик, коментирајќи ја европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.
-Нашата амбиција е да разговараме со оние кои се уште не се убедени и да им кажеме дека е подобро за стабилноста на регионот, подобро за европската иднина на нашето соседство, да започнат пристапните разговори. Мојот аргумент е „да им дадеме шанса и да почнеме, бидејќи со денешниот степен на несигурност, никој не може да го предвиди траењето на процесот“, вели Пленковиќ.
Хрватскиот премиер, говорејќи за последниот Самит на ЕУ кога не беше одреден датум за пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија, рече дека и двете земји направиле многу во однос на потребните критериуми и „затоа Европската комисија, како и во случајот со Хрватска со шенген-зоната, рече дека сега е вистинското време за отворање пристапни преговори“. Паралелно, се обиде да ги објасни и причините за недоделувањето датум.
-Мислам дека има многу причини. Меѓу нив е и анализата од некои земји -членки во извештајот за оценката, односно прашањето дали беа доволно подготвени, дали беа прецизни или не. А другата беше поопшта дискусија за процесот на проширување и дискусија за подобро функционирање на Европската Унија, како што е денес, ЕУ-28, рече премиерот на Хрватска во интервјуто за „Јуроњуз“ на грчки јазик.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација