Живот
25. December 2018 - 15:35

Племе кое живее среде прашумата ја брани својата земја со модерна технологија: Сите користат ГПС, а имаат и добра причина за тоа

Додека басенот на Амазонија најчесто се врбува поради својот биодиверзитет, постојат и стотина автохтони племиња кои живеат во прашумата. Многу од овие племиња се под директна закана за раселување поради излекување на ресурсите и сечењето на шумите.

До денес, 70 отсто од еквадорскиот Амазон се дадени под закуп на нафтените компании, а плановите кои се претставени вклучуваат повеќе земјиште.

Една од овие области опфаќа голем дел од територијата Ваорани, која еквадорската влада ја означи како Блок 22. Територијата е дом на 18 ваорански заедници, вклучувајќи и стотици лековите билки, рута за лов, гробишта, боишта и многу различни флора и фауна.

Пред 4 години Ваораните одлучија дека мора да ја мапираат својата територија не само за да го докажат своето право на сопственост над земјата, туки и да ја документираат богатата разноликост на својата територија и мудроста на старите членови на племињата заради идните генерации. Во текот на четири години, Ваораните користеле високотехнолошка ГПС технологија, замки за камери и беспилотни летала за да ја мапираат својата територија од 180.000 хектари. Мапите содржат речиси 10.000 ГПС точки.

Освандо Ненквимо, родум од една заедница во Блок 22, целосно му се посвети на проектот. Патува и посетува 52 Ваорани заедници, подучувајќи ги за ГПС техниката и како да си го олеснат процесот на мапирање.

Како и повеќето жители, Освандо е одлучен за тоа приказната за Ваораните да биде раскажана од страна на нејзините луѓе. Како што продолжува пустошењето на шумата и потенцијалното раселување, Освандо и луѓето од Ваорани планираат да го продолжат мапирањето зошто тоа е важен алат во борбата против извлекувањето на природните ресурси на нивната територија.

Во ноември, еквадорската влада ги запре своите сегашни планови во Блокот 22, но борбата е далеку од крајот. Во 2019 година племето Ваорани планира да поднесе тужба против владата на Еквадор, за која се надеваат дека ќе им помогне да се гарантира заштитата на нивните земји.