„Плејбој зајчица“ почина откако киропрактичар и „го скршил“ вратот
Популарната „Плејбој зајчица“, Кејти Меј почина на 34-годишна возраст по терапија кај киропрактичар, кој и ја повредил вратната артерија и и го прекинал дотокот на крв во мозокот.
Кејти во февруари на едно снимање во Лос Анџелес го повреди вратот, но терапијата што и ја препорачал лекарот не и била од помош и болката не се смирувала, па на крај таа решила да побара помош од киропрактичар. Но, наместо помош, Кејти доби „смртна пресуда“, пренесува „ТМЗ“.
Според извештајот од аутопсијата, неименованиот киропрктичар во текот на третманот и ја оштетил вертебралната артерија со што на младата жена и бил прекинат протокот на крв до мозокот и таа наскоро починала.
Нејзината смрт е окарактеризирана како „несреќен случај“, но не е познато дали на киропрактичарот, кој непрофесионално ја извршил својата работа, ќе му биде одземена дозволата за работа.
Меј беше самохрана мајка на седумгодишната Миа, па по нејзината смрт покрената е кампања за собирање помош за нејзината ќерка, во чии рамки досега се собрани повеќе од 36.000 долари.
Кејти во нејзината кратка кариера се најде на насловните страни на „Плејбој“ и „Спортс Илустрејтед“, имаше речиси два милиони фанови на Инстаграм и ја носеше титула „кралица на Снепчат“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација