Бизарно но вистинито
8. September 2015 - 12:19

Платил детектив за да му ја следи сопругата - А тој ја начекал под прекривач со малолетник!

Професорката по танц Амбер Телфорд (33) имала сексуални односи со својот 17 годишен ученик во студиото, но и во автомобилот, па и во куќата на својата мајка. Оваа афера е откриена кога сопругот на професорката изнајмил приватен детектив, кој го уловил парот во студиото за танц.
 
Затечените биле под прекривач, а нивната облека на подот.
 
Пoлицијата во Тејлорсвил(Јута, САД) ја лишала од слобода Амбер, поранешната навивачка, и сега е во затвор, а се изјаснила за виновна поради незаконски сексуален однос со малолетник.
 
За замена на признавањето на вината, обвинителите одбиле шест идентични обвиненија.
 
На судот му било кажано дека Амбер на малолетникот му купила облека и му го платила патот за Дизниленд на натпревар по танцување.
 
Tаа започнала флерт со тинејџерот и на крајот имала и односи со него во својот дом, куќата на мајка и, како и во својот автомобил. Таа го собирала момчето среде ноќ и го носела на разни места само за секс.